Кина стана светски лидер во извозот на автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Според резултатите од првиот квартал, Кина е нов светски лидер во извозот на автомобили. Во овој период од Кина на пазарите надвор од таа земја се испорачани 1.069 милиони автомобили.

На второто место на листата е Јапонија, која извезла 1,049 милиони автомобили. Третото место го зазема Германија.

Друга интересна работа е што темпото на испораки од Кина не се намалува, туку продолжува да се зголемува. Така, во април зголемувањето во однос на минатата година изнесува 170% и 3,3% во однос на март: минатиот месец кинеските компании извезоа околу 376.000 автомобили.

Главниот обем на извоз и припаѓа на компанијата SAIC – 313.000 автомобили, на второ место е Chery (244.000 автомобили), на трето е кинеската дивизија на Tesla (128.000 автомобили).

Потоа следуваат: Changan, Geely, Great Wall, Dongfeng, JAC, BYD и BAIC. Главни извозни дестинации се: африканските земји, Индија, Саудиска Арабија, Виетнам, Русија, Бразил, Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK