Porschе: „Електричните Boxster и Cayman ќе бидат спортски креации “!

ОБЈАВЕНО НА:

Батерија ќе биде поставена зад седиштата, низок центар на гравитација и целото искуство стекнато во Формула Е е применето, а секако има и многу забава, што ќе почне веќе  од претстојанта 2025 година...

Пазарот за EV не е во најдобра кондиција, но Porsche продолжува да се обложува на електрична енергија. По Taycan и сосема свежиот Macan, брендот го подготвува дебито на замените за Boxster и Cayman, кои со новата генерација ќе бидат исклучиво електрични на батерии.

Голема промена за два модели родени со единствена цел да го подобрат задоволството во возењето. Во овој поглед, инженерите од Цуфенхаузен сакаат да ги уверат љубителите на марката: тоа ќе бидат вистински спортски автомобили, со тркачка ДНК, кои ќе го искористат искуството стекнато во натпреварувањата во Формула Е.

Нема враќање од транзицијата кон погони на струја
Се разбира, целта од 80% продажба на модели со погон на електрична енергија до 2030 година е ревидирана надолу.

 

Но, тоа не значи дека се откажува заложбата за транзицијата. Особено за Porsche, затоа што маркетингот на автомобил што не ги исполнува целосно очекувањата на клиентите може да биде многу ризичен за оваа премиум спортска марка.

Луц Мешке, шефот на финансискиот оддел на компанијата, беше јасен: „Што се однесува до производството на автомобили со согорување и хибридни возила, споредено со плановите објавени во минатото, се очекува следните електрични модели Boxster и Cayman да се продаваат во текот на следната 2025 година нема враќање назад од поставеното.

Мајкл Штајнер, шеф на центарот за истражување и развој на компанијата, исто така рече дека се направени значителни напори за да се направат лесни и ефикасни електрични автомобили.

Целта е да се понудат на пазарот два автомобили кои се ефикасни, но и возбудливи.

Спортски карактер без компромиси

Двата автомобили се засноваат на SSP Sport платформата на Porsche (да биде јасно на Taycan), која е дотерана за да го подобри карактерот на новите компактни спортски автомобили.

На пример, има батерија поставена зад возачот за да овозможи пониска положба за возење и распределба на тежината поблиску до онаа на сегашните Boxster и Cayman.

Инженерите исто така работеа напорно на софтверот за да ја оптимизираат кривата на моќноста на моторот и управувањето со сопирањето. Токму од овој аспект информациите акумулирани за време на авантурата во Формула Е (шампионат што Porschе го освои со возачот Паскал Верлајн) беа многу корисни.

„Наш приоритет не беше да возиме со една педала – објасни Штајнер – туку да го најдеме вистинското чувство за типот на автомобилот“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK