Како се менува антифриз во автомобил? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како и секоја друга течност во вашиот автомобил и антифризот се троши. Антифризот се троши малку во вашиот систем за ладење, но и поради тоа веројатно неколкупати во текот на годината морате да сипувате малку нов антифриз за да го дополните резервоарот на течноста.

Сепак, ако целата течност сте ја смениле пред неколку години, тогаш е време тоа да го направите одново. Процедурата за менување на антифриз е едноставна, а автомеханичарите сигурно нема да ви земат многу пари за да го направат тоа. Сепак, ако не сакате да одите на мајстор тоа можете многу лесно да го направите и сами.

Првата работа која мора да ја направите е автомобилот да биде ладен пред празнењето. Следната работа која морате да ја направите е да легнете под автомобилот и на долниот дел од ладилникот да побарате пластичен чеп (обично е во сина или црвена боја). Чепот се наоѓа или на левата или на десната страна од ладилникот и служи како вентил за отпуштање кој овозможува да ја исфрлите сета течност за ладење од возилото.

Земете сад за собирање на течност, одвртете го чепот на ладилникот и сета вода од вашето возило ќе истече. Сè што треба да направите понатаму е да сипете нова течност во вашиот автомобил. Сепак, ние ви советуваме во продавницата за автоделови да купите посебно средство за чистење на ладилникот.

После неколкугодишно стоење, антифризот може да остави пукнатини во вашиот систем за ладење и така ќе ги затворите сите проблеми што предизвикуваат лошо ладење, но и течење на антифриз. Кога сипувате нова течност, запалете го автомобилот и возете го десет минути, а потоа повторете ја постапката на цедење на течност од автомобилот.

Ако забележите дека течноста не е провидна туку повторно има боја на антифриз, тоа значи дека сте ги исфрлиле сите нечистотии од ладилникот.

На крајот ви останува да земете антифриз и да ги помешате со дестилирана вода во одговарачка мерка која е запишана на кутијата (најчесто односот е 50:50) и да ја сипете сета течност за ладење во вашиот автомобил до максимум. Запалете го автомобилот и нивото на течност повторно ќе се спушти, па тогаш додадете уште малку антифриз.

На крајот, автомобилот возете го и вклучете го греењето на најсилно. Кога температурата на автомобилот ќе се крене вашето греење мора да работи. Ако греењето не работи, тогаш тоа значи дека во вашиот систем за ладење има воздух и тогаш ќе морате да посетите мајстор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK