Компанијата Ford ги откри првите детали за целосно новиот и целосно електричниот E-Transit со кој компанијата ќе ги стартува тестовите во текот на следната година и во Европа ќе го лансира во текот на пролетта во 2022 година.
Новиот електричен Ford E-Transit ќе биде опремен со елемент на батеријата со капацитет од 67 kWh (достапен за работа), што според компанијата ќе биде доволно за поминување до 350 километри во реални патни услови. Многуфункционалниот електромобил ќе понуди работа во специјален Eco режим, кој ветува подобрување во енергетската ефикасност меѓу 8 и 10% кога се експлотира без товар или при движење по автопат. Кога е избран овој режим се активираат специјални претходно конфигурирани режими на работа со максимална брзина на движење, реакција на педалот на гаста, оптимизирана работа на климатската инсталација и друго.
За дополнителна заштеда на енергија, Ford E-Transit ќе понуди можност за почетно загревање/ладење на ентериерот уште додека електромобилот е поврзан со станицата за полнење. Една од најсериозните дополнителни предности на автомобилот, сепак, ќе бидат намалените експлоатациски и сервисни расходи, а според пресметките на Ford тука предноста е околу 40%.
Ford E-Transit
Батеријата на Ford E-Transit може да се полни како на стандардните станици така и на оние што нудат капацитет од 100 kW и повеќе, а во тој случај елементот на електромобилот може да биде наполнет од 15% до 80% за околу 34 минути.
Интересно решение кое го нудат од Ford како додадок на E-Transit е пакетот Pro Power Onboard, кој го трансформира електромобилот во извор на електрична енергија за надворешени електрични уреди и професионална опрема.
Ford E-Transit ќе се нуди со комуникациски систем FordPass Connect, борд инфо-комуникацискиот и мултимедиски систем SYNC 4 со 12-инчен екран, како и целосен опсег на системи за подобрување на безбедноста, вклучувајќи и Pre-Collision Assist, Blind Spot Information System со функција за предупредување во случај на случајно преминување на централната линија, систем за видео надзор околу целото возило, адаптивна круз контрола и друго.