Како изгледа луксузот во авионите на Emirates (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Луксузната „прва класа“ ќе биде во авионот Boeing 777 и нејзиниот прв лет ќе биде на 1 декември од Дубаи до Женева и Брисел. Цената на задоволството, секако, воопшто не е мала. Летот од Женева до Дубаи и назад за јануари во прва класа е на цени од околу 9000 долари.

Дури и во најголемите авиони, приватноста е луксуз, бидејќи е секогаш има мал простор. Токму тоа се обидува да го подобри со новите кабини од прва класа една од најголемите авио компании во светот – Emirates. Оваа авио компанија секогаш се обидувала да понуди повеќе од другите.

Кабините на новата „прва класа“ на авио компанијата се како луксузни хотелски соби, и вратата се затвора за поголема приватност. Компанијата ја претстави својата нова услуга на авио шоуто во Дубаи, што почна во неделата, пишува CNBC.

Emirates објави дека инспирицијата им дошла од Mercedes-Benz S-Class – автомобил кој авиокомпанијата ќе го користи за да ги превезува своите патници од прва класа до авионите на аеродромот во Дубаи.

Луксузната „прва класа“ ќе биде во авионот Boeing 777 и нејзиниот прв лет ќе биде на 1 декември од Дубаи до Женева и Брисел. Цената на задоволството, секако, воопшто не е мала. Летот од Женева до Дубаи и назад за јануари во прва класа е на цени од околу 9000 долари.

Апартманите се целосно затворени, со лизгачки врати од подот до таванот. Големината на кабини е до 40 квадратни метри. Авиокомпанијата вели дека патниците ќе имаат доволно простор да се движат слободно, дури и откако седиштето се спушти во кревет.

Боите во луксузните апартмани се крем, сива и златна, имитирајќи го ентериерот на луксузен автомобил. Патниците во централните кабини ќе имаат “виртуелен прозорци”: екрани кои го покажуваат изгледот на небото однадвор. Оние кои се среќни да седат покрај прозорецот, добиваат двоглед.

Emirates исто претстави новата бизнис класа со кожени седишта инспирирани од седиштата на спортските автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK