Како да постапите ако имате сообраќајка во странство

ОБЈАВЕНО НА:

Патувањето во странство со автомобил, било да е одмор или краток престој понекогаш може да ви донесе непријатност доколку автомобилот биде дел од сообраќајна незгода. Без разлика дали сте вие виновен или не, потребно е да се придржувате до некои правила. Најважно од се е да имате зелен картон.

Доколку патувате во странство задолжителна обврска на секој кој што управува моторно возило е да поседува валиден зелен картон. Со него се покрива од страна на осигурителната компанија вашата одговорност за штети кои што ќе ги предизвикате на трети лица во сообракајни несреќи.

Но, како да се однесувате кога сте вклучени во сообраќајна незгода, кога да пополните европски записник, како да се пополни, а кога треба да се повика полиција.

Важно е со себе да имате примерок на европски записник бидејќи тој е унифициран и користејќи го него (македонскиот) лесно може да се пополни било кој друг.

* пријава на штета која се случила како последица на сообраќајна незгода во странство се пријавува во земјата каде се случила и се применува законодавството на таа земја во однос на одговорноста на учесниците во истата.

*  во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета пополнете европски извештај за штета (содржината на европскиот извештај е идентична на сите јазици, па соодветните графи можете да ги користите од македонскиот
примерок).

* во случај на сообраќајна незгода со голема материјална штета или/ и телесни и смртни последици задолжително пријавите во полиција за да направи извид на лице место и изготви Записник.

* ако не сте одговорни за сообраќајната незгодата, a штетата е предизвикана од осигурано возило пријавете штета во Бирото во земјата во која се случила незгодата (броевите на Бироата се наоѓаат на задната страна на зелената карта).

* Ако штетате е предизвикана од неосигурано возило ( независно дали се работи за возило со регистарски ознаки на посетената земја или друго странско возило со рег.таблички од земја членка на Советот на бироа за зелени карти) штетата се пријавува во Гарантниот фонд во земјата каде се случила сообракајната незгода.Напоменуваме дека при ова прашање треба да се има во предвид дека 34 земји членки на Советот на бироа за зелени карти се потписнички на мултилатералната спогодба со која регистарските ознаки се доказ за постоење на осигурување.

* во случај кога сте одговорни за незгодата, веднаш по враќањето од странство задолжително треба да го известите осигурителното друштво кое ја издало зелената карта за сите релевантни моменти поврзани со незгодата (точно постапете по упатството добиено од осигурителното друштво).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK