Jeep на маки со Mahindra – повторно ќе тужи

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку децении Jeep води судски спорови со индискиот производител Mahindra. Сите тие спорови се однесуваат на дизајнот на возилата на индискиот производител кои се плагијат на оние на Jeep.

Последниот судски спор кој го покрена американскиот производител се однесува на моделот Thar на Mahindra. Овој автомобил визуелно личи на Wrangler, па од Jeep со право се плашат од нелојална конкуренција, особено ако се знае дека возилата на Mahindra се со далеку пониски цени.

Правниот тим на Mahindra наведува дека нема намера да го лансира моделот Thar во Австралија, каде Jeep ги има заштитено своите модели. Но на ова, од Jeep објавија докази за веб-сајтот преку кои може да се добие информации за купување на овој модел во Австралија по неговото лансирање.

За потсетување, пред некоја година американскиот суд ја забрани продажбата на Mahindra Roxor во САД поради тоа што овој модел премногу личел на дизајнот на возилата на Jeep.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK