Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 24. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет (5) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за престижната титула „Автомобил на годината во Македонија за 2019“.
Листа на финалисти ја сочинуваа:
Kia Ceed
Citroen C5 Aircross
Opel Grandland X
Ford Focus
Volvo XC40
Годинава право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што доби најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на жирито.
По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на
*Ford Focus
Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:
– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост
Победничкото возило Ford Focus доби 69 бодови од жирито, пред Citroen C5 Aircross со 67 и Kia Ceed модел што доби 66 бода.
*Признанието СУВ на годината го доби моделот Citroen C5 Aircross
Гласот од финалистите годинава не го доби ниту еден модел, бидејќи сите финалисти добија по еден глас, што значи дека ниту еден модел не доби доволен број на гласови зa да биде победник.
Признание „Томислав Биљарац“
Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по вторпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.
Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија .
Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2019 година да му биде доделена на
*Стерули Бураку
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“
1996 Fiat Bravo/Brava
1997 Renault Megane
1998 Opel Astra
1999 Skoda Octavia
2000 Fiat Punto
2001 Seat Leon
2002 Toyota Corolla
2003 Mazda 6
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
2013 Seat Leon
2014 Skoda Octavia
2015 Ford Mondeo
2016 Skoda Superb
2017 Kia Sportage
2018 Dacia Duster