Италија воведува субвенции за нови возила – FCA се противи

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Италија и официјално ја усвои мерката за субвенционирање при купување на нови возила со ниско ниво на емисија на штетни гасови.

Мерката која е вградена во буџетот за 2019 година, а беше усвоена од Горниот дом предвидува субвенции до 6.000 евра при купување на нов автомобил, на електричен погон или бензин чиј издувни гасови се согласно регулативата пропишана во WLTP процедурите.

За субвенции ќе може да аплицираат сите оние кои ќе купат автомобил во вредност не поголема од 50 илјади евра кои ги исполнуваат останатите услови поврзани со емисијата за штетни гасови. Мерката стартува на 1. март и ќе трае се до 2021 година.

На оваа одлука на Владата се противат домашните производители на делови за авто индустријата, а најгласни се од FCA. Причината е поради тоа што овој производител сеуште нема електрични автомобили во понудата, а планира да ги воведе во 2021 година. Оттука ова е значителен удар за FCA кој во Италија има пазарен удел од 40%.

Асоцијацијата на италијански авто производители сметаат дека оваа одлука ќе има негативно влијание врз ова стопанска гранка и ќе придонесе за намален обем на производство што може да се одразува врз отпуштање на дел од вработените и помал БДП.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK