Истражување: Кои возила се најквалитетни, а кои најчесто „висат“ во сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе купите нов автомобил се надевате дека барем додека е гаранцискиот период нема да имате проблеми, па дури и потоа сервисите ќе ги посетувате единствено за редовната замена на масло и друг потрошен материјал. Но, не секогаш е така. Постоајт возила кои многу ретко имаат потреба од сервис, што укажува а нивниот квалитет, а некои пак почесто ќе треба да одат на отстранување на дефектите кои се појавиле.

Белгиската организација за заштита на потрошувачите Test Anakoop спроведе големо европско истражување за квалитетот на автомобилите со повеќе од 60.000 сопственици на возила во Белгија, Франција, Италија, Шпанија и Португалија. Интересно е дека на првите места според задоволството на купувачите, и се разбира реткото одење во сервис се најмногу возила од далечниот истор, Јапонија, Кореја..

Според истражувањето, повеќето проблеми (17% од дефектите) се чини дека се јавуваат со електричните функции како што се акумулаторите, светлата, прозорците и централната брава. Малку помалку автомобили (13% од проблемите) мора да одат на сервис бидејќи сопирачките повеќе не работат оптимално. На трето место се дефекти на моторите (бензин и дизел).

Автомобилите со најмалку проблеми се Lexus, кој, како што знаете, е луксузна марка на Тојота. Само 6% од возачите морале да се вратат на сервис за време на гарантниот период поради дефект. Lexus исто така беше на врвот на вкупната листа на најсигурни автомобили во претходните две изданија на истражувањето (2020 и 2018 година). Самата Тојота и повеќето други јапонски марки се исто така на врвот.

Највисоко рангирани Европејци не се Mercedes или BMW, туку Seat, а на дното на листата се три многу скапи брендови: Jaguar, Land Rover и Tesla. Електричниот автомобил на Елон Маск има најнизок рејтинг од сите марки.

Моделите кои имаат мотори со внатрешно согорување кои имаат најмногу проблеми се речиси секогаш дизелите. Меѓу најсигурните возила главно ги среќаваме со бензински и хибридни мотори. Погледнете ја статистиката.

Марки на возила (сигурност, задоволство на клиентите во проценти)

Lexus (95, 89)
Subaru (93, 87)
Toyota (91, 86)
Mitsubishi (89, 83)
Kia (89, 84)
Suzuki (89, 83)
Hyundai (87, 83)
Honda (87, 87 )
Mazda (85, 87 )

Seat (85, 83)
Dacia (85, 81)
Škoda (84, 84)
Nissan (82, 81)
DS Automobiles (82, 81)
Volkswagen (82, 83)
Smart (82, 82)
Peugeot (82, 81)
Mercedes-Benz (82, 85)

BMW (82, 85)
Mini (82, 85)
Ford (80, 82)
Citroën (80, 80)
Audi (80, 84)
Volvo (80, 86)
Renault (80, 80)
Ssangyong (80, 81)
Porsche (76, 92)

Opel (76, 79)
Fiat (76, 77)
Jeep (72, 81)
Lancia (68, 77)
Chevrolet (68, 76)
Jaguar (68, 87)
Land Rover (64, 82)
Alfa Romeo (64, 84)
Tesla (60, 91)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK