САД, Кина и Германија веќе се наоѓаат на мапата на Tesla, а по овие инвестиции компанијата од Калифорнија планира нова инвестиција.
Дестинација на истата е Индонезија чија влада ја поддржува американската компанија за инвестиција во оваа земја.
Тамошното министерство за поморство и инвестиции, Лухут Панџаитан, изјви за медиумите во оваа земја дека разговарал со извршниот директор на Tesla, Илон Маск околу можностите за вложување на Tesla во Индонезија.
Од друга страна, од американската компанија не ги потврдија овие изјави на Панџаитан, со што се остава простор околу вистинитоста на неговите изјави на што реагираше политичката опозиција во оваа земја.