недела, 26 мај, 2026 година

Има нов сообраќаен знак во Шпанија – можно е да се појави и низ Европа

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Шпанија воведе нов сообраќаен знак кој веќе предизвикува бурни реакции кај возачите – S991f, дизајниран да ја подобри безбедноста со почитување на минимална дистанца меѓу возилата.

Како изгледа и што означува?
Знакот е правоаголен со син фон, а во горниот дел има црвен круг со две возила и наведено минимално растојание (на пример 70 метри). Од страна се прикажани пиктограми за автомобил, камион и мотоцикл – знак дека правилото важи за сите категории возила.

- Advertisement -

Овој сигнал информира дека на тој дел од патот постои автоматска контрола на дистанцата, слична на системите со секционни радари – се мери и брзината и растојанието меѓу возилата.

Зошто е контроверзен?
Официјалната цел е да се намалат верижните судири, но дел од возачите го гледаат како „скриен данок“. Нивниот аргумент е дека точната дистанца е тешко мерлива во реални услови, бидејќи зависи од брзината, состојбата на патот и времето на реакција.

Во Шпанија непочитувањето на дистанца се смета за сериозен прекршок – носи казна до 200 евра и одземање на 4 поени од возачката дозвола. Со воведувањето на новиот знак, шансите да бидете санкционирани значително растат.

Можно европско правило
Шпанската сообраќајна управа (DGT) останува цврста во намерата да го користи овој систем, наведувајќи дека приоритет е зголемување на безбедноста на патиштата. Дали S991f ќе стане европски стандард, останува да видиме.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја