Популарноста на дизелските мотори од година во година се намалува, а причината за тоа се новите регулативи за емисија кои стануваат се построги.
Последен во низата производители кој го најави крајот на развојот на дизелски мотори е јужнокорејскиот Hyundai.
Hyundai Motors на овој потег се одлучи не само поради строгите стандарди туку и под притисок на електрификацијата и најавениот план за електрификација на понудата на Hyundai и Kia.
Иако развојот прекина со крајот на годината, Hyundai и натаму ќе продолжи да нуди свои возила со дизелски мотори, но се додека не се потроши залихата. Што се однесува до бензинските, они сега ќе заземат централно место во понудата и не се предвидени никакви рестрикции на нивното производство.