Hyundai и Kia преку сопствена банка ќе ја финансираат продажбата во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да ја потпомогнат продажбата на сопствените модели во Европа, Hyundai и Kia промовираа сопствена банка, што ќе им понуди финансиска поддршка на идните купувачи.

Банката е со седиште во Франкфурт, Hyundai Capital Bank Europe што ќе ги подржува двете марки, а ќе почне прво со Kia. Авто производителите добија целосна лиценца од Европската Централна банка па сега можат да се шират и на другите пазари во ЕУ беа потреба од дополнителни дозволи од националните регулатори.

Многу „големи играчи“ во Европа имаат сопствени финансиски структури, вклучувајќи го и Volkswagen и најчесто се работи за лизинг услуги при продажба или прифаќаат и депозити како и нормалните банки.

Формирање на свој финансиски сервис ќе помогне да се олесни купувањето од страна на двете крајни корисници, како и на трговците на мало, особено со оглед на големиот удел на модели на Kia во Европа.

Почетниот капитал е 67,1 милион евра, и банката е 80 отсто финансирана на Hyundai Capital Services а остатокот е на Kia Motors

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK