Honda го укинува моделот Clarity

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Honda донесе конечна одлука за повлекување на моделот Clarity чие производство завршува овој месец. Причината за оваа непопуларна одлука произлегува од слабата продажба на овој модел кој не ги исполни минималните очекувања во поглед на продажбата.

За слабата продажба вина има и високата цена. Во САД почетната цена на овој модел изнесува 70 илјади американски долари, па за таа цена американскиот купувач на располагање има бројни алтернативи.

Овој модел Honda за прв пат го воведе во 2008 година откако две години подоцна го претстави концептот. Во САД се комерцијализираше во јули 2008 година, а токму на американскиот и јапонскиот пазар се фокусираше овој модел. По двегодишна пауза, во 2016 година беше претставена втората генерација на овој модел. Во двете верзии овој автомобил има автономија од 372 односно 589 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK