GTA во живо – бегаше oд полицијата па се здрви во возило (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Бегањето на полицијата во САД не е ништо ново, а ниту невообичаено. Овие брканици се секојдневие во оваа држава.

Најчесто оние кои им бегаат на полицајцие тоа го прават само неколку километри по што се предаваат или влегуваат во заседата на полицијата. Неизоставен дел од овие бркотници се и хеликоптерите кои секогаш ги снимаат овие моменти.

Сепак последната бркотница која се случи на автопат во близина на Лос Анџелес е малку поразлична. Возачот на Chrysler 300 во никој случај не се предаваше на полицијата, па како на игра на GTA успешно им бегаше долги километри.

За време на бегањето неколку пати беше удиран од страна на полицијата, но возачот никако не се откажувше. На крај тој самиот се заби во автомобил поради што мораше да се откаже. По ова следуваше апсење во кое учествуваа повеќе од 20-тина полицајци.

Целиот настан е прикажан на следното видео.

Ние немаме можност да гледаме вакви снимки од улиците. Немаме ТВ екипи што со хелихоптери ги следат бркотниците, ниту пак толку многу прекршители. За среќа..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK