Од 15 март заврши задолжителната употреба да поседување на зимска опрема што значи дека на вашиот автомобил не мора да имате монтирано зимски гуми. Температурите се веќе над 10-15 степени што по правило значи и дека треба да ги смените гумите и да користите летни гуми. Тоа е препорачливо, и истовремено добро за возилото и безбедноста.
Сепак, се поставува едно друго прашање. Што е со оние кои одлучиле во текот на целата година да возат со зимски гуми? Законот не обврзува на поседување на летна опрема на начин како што пропишува зимската, па затоа не треба да чуди што такви возачи на нашите патишта можеби ги има и повеќе од оние кои цела година возат на стари летни гуми. На тој начин практично ја носат главата во торба како оние другите.
За да се види точно какво е влијанието на зимските гуми на летни температури направени се неколку тестирања. Резултатите покажале дека зимските гуми потфрлиле во сите категории од кочење на сув и влажен асфалт до аквапланинг.
Конкретно, запирање на суво на температура од 20 степени со брзина од 100 км/ч кај тест автомобилот (Seat Ateca) со користени зимски гуми се зголемил за 4,6 метри и изнесувал 43,1 метар во однос на 38,5 метри пат за запирање на истото возило со летни гуми.
На мокра подлога бројките се уште полоши. Место 47,8 метри колку во тие услови му требале на возилото Seat Ateca со летни гуми, за запирање од 100 км/ч при кочење на со користен зимски сет должината изнесувала 53,7 метри.
Во двата случаи и повеќе е од доволно за да се случи несреќа со голема материјална штета или уште полошо, несреќа со тешки последици.
Значи, ако возите со такви гуми, не заборавајте дека со тоа ги ризикувате и сопствениот и туѓите животи. Гумите за цела година се малку добар избор и тоа не е во сите категории. За сигурност без компромиси секогаш треба да се бираат одговарачки гуми за одговарачка сезона. И не помалку важно да се вози на одговарачки притисок.