Како последица од кризата која ја предизвика коронавирусот, американскиот прозивдоител Ford го одложи проектот за автономно такси 2022 година.
Ова во изјава за американски медиум го изјави претставник на компанијата.
Во моментов прекинати се сите тестирања и активности кои се насочени кон развојот и истражувањето на оваа технологија. Не е јасно кога ќе продолжат активностите, но се очекува тоа да се случи во третиот вартал годинава. При тоа не е познато дали Ford ќе го скрати буџетот на оваа активност.
Според претходните планови и интензитетот на тестирање, автономните такси возила требаше да бидат достапни веќе следната година.