Американската компанија Fisker го претстави електричниот кросовер Ocean за време на технолошката изложба MWC во Барселона. Настанот, кој најмногу е фокусиран на новите модели на паметни телефони, таблети и други слични уреди, беше местото каде што Fisker реши да дебитира во Европа со електричниот модел.
Според планот, Ocean треба да влезе во производство во ноември, а набрзо потоа треба да започнат испораките за одредени земји. Моделот ќе биде достапен во неколку различни конфигурации, основната ќе има електричен мотор напред, кој ќе генерира 279 КС и ќе помине околу 440 километри.





Fisker Ocean
Ocean Ultra ќе биде придвижуван од двојна конфигурација со 4×4 и 548 КС. Исто така, може да се пофали со забрзување до 100 km/h за 4,2 секунди и досег од 610 km. Топ верзија се потпира на истиот систем, но со 558 КС сили и подобрено забрзување од 3,9 секунди. Километражата на најпрефинетиот модел е 630 километри.
Основниот модел доаѓа со LED фарови напред и назад, панорамски покрив, електричен багажник, тркала од 20 инчи и систем PowerBank кој овозможува двонасочно полнење. Внатрешноста е стандардна со вертикален дисплеј од 17,1 инчи, дигитален централен ретровизор и различни системи за помош на возачот.

Следете не и на:

