Fiat напаѓа оваа есен

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител Fiat се буди од сонот и тоа оваа есен. Како што пренесуваат повеќето италијански медиуми овој оваа есен ќе бидат претставени неколку новитети.

Најпрво ќе биде претставен новиот Tipo Cross, модел кој во целост се темели на Tipo, но со поголем клиренс. Премиерата на овој модел се очекува кон крајот на септември. Месец дена подоцна Fiat ќе претстави стилизована верзија на моделот 500 како и подновената Fiat Panda и Fiat Panda Sport.

Моделот 500X ќе добие хибридна верзија опремена со FireFly Mild-hybrid 48V мотор. Премиерата на оваа верзија се очекува да се случи во текот на ноември.

Некои од италијанските медиуми наведуваат дека во текот на следната година Fiat ќе ја претстави втората генерација на моделот Tipo, нов SUV модел и нова изведба на 500. Не се исклучува можноста да биде направен и камбек на моделот Punto.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK