петок, 25 јули, 2025 година

Fiat 500 и на поштенска марка

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На денот на прославата на 60. роденден, беше претставена новата поштенска марка издадена посветена на Fiat 500.
Ова е посебен начин да се прослави роденденот, токму во фабриката во Мирафиори каде 500 се произведуваше во далечната 1957. Од тогаш, во текот на овие шеесет години стана права икона благодарение на неговата функционалност, на иноваацијата на форми и технологии, препознатливи во дизајнот на единствената каросерија и разновидна намена.

Овој колекционерски предмет, произведен во 1.000.000 примероци е во продажба и го слави моделот кој ја создаваше историјата на автомобилите во светот. Со вредност од 0,95 евра и отпечатен од страна на Канцеларијата за хартии од вредност при Полиграфскиот Институт и државната ковачница, го покажува единствениот профил на историскиот Fiat 500, претставен до исто толку славната негова денешена верзија.
На сина основа со тробојна лента во близина на горниот дел која ги врамува годините 1957-2017 и натписот “Fiat Nuova 500” co букви од некогашните огласи од 1957. Станува збор за вистинско минијатурно ремек дело, кое го слави остварувањето на еден сон за движење и слобода.

- Advertisement -

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја