Ferrari трие раце: Профитот скокна, расте и побарувачката за супер автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Времињата на криза се веќе минатот во авто индустријата, а тоа најдобро го покажуваат продажните резултати на Ferrari во првиот квартал од годината. Кај италијаните профитот е скокнат за 36 отсто, најмноги поради растот н апобарувачката за скапите модели, како што е 2,1 милион долари скапиот LaFerrari Aperta кабриолет и специјалната едиција по повод 70 години од постоењето.

Приходите пред оданочување се 242 милиони евра, во споредба со 178 милиони лани.
На патот да се задржи доброто работење и приходите компанијата во март го претстави најсилниот модел 812 Superfast, најбрзиот продукциски автомобил во историјата. Возилото е подобрена верзија од F12 berlineta со 6.5 литарски В-12 кој има 789 КС, и може да развие 340 км/ч. со забрзување до 100 км/ч. за 2,9 секунди.

Плановите на Ferrari се од сегашните 7.000 возила годишно до 2019 да ги зголеми бројките на 9.000 возила. Доброто работење ја зголеми и вредноста на акциите на компанјата за 4,2 отсто на 72,45 евра по акција поставувајќи нов рекорд.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK