Ferrari и официјално го претстави својот најнов модел 285 GTB. Се работи за модел кој беше најавуван подолго време, а кој во понудата на италијанскиот производител доаѓа и со плаг-ин хибриден погон.
Дизајнот во целост ја следи дизајнерската филозофија која во последните години се аплицира на новите модели на Ferrari. За дизајнот задолжен беше Флавио Манцони од Centro Stile.
Должината изнесува 4.565 мм, ширината 1.958 мм, висината 1.187 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.600 мм. Вкупната тежина изнесува 1.470 кг.
Во однос на мотористиката, основниот модел доаѓа со 2,9 литарски турбо V6 бензински мотор кој продуцира 663 КС и електромотор со батерија од 7.45 kWh. Продуцира 830 КС и 740 Nm обртни моменти, а доаѓа со 8 степен DCT менувач.
До стотка овој автомобил забрзува за 2,9 секунди, а до 200 км/ч за само 7,3 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 330 км/ч.
Во производство ќе влезе од следната година, а ќе се произведува во Маранело, Италија. Се очекува почетната продажна цена да изнесува 269.000 евра.