Не е тајна дека најголема маржа по единица нов автомобил имаат производителите на луксузни автомобили. Но колку изнесува таа? Земајќи ја во предвид разликата помеѓу приходите од продажба и трошоците во сооднос со продадените возила прикажана е добивката на производители по продаден автомобил.
Најголема заработка од продаден автомобил има Ferrari и тоа од 89.300 евра. За најголемиот конкурент на Ferrari, Lamborghini нема точни податоци околу трошоците па оттука и не може точно да се пресмета добивката. Сепак се шпекулира дека таа е далеку помала отколку на Ferrari и изнесува околу 60 илјади евра.
Porsche заработува 16.740 евра. Изненадувачки, McLaren заработува 4.140 евра од нов автомобил, британски Lotus 1.600 евра, додека далеку најуспешен од Британците е Aston Martin со заработка од 26 илјади евра.
Сепак мора да се напомене дека станува за прибилижни бројки бидејќи врз приходите и расходите на производителите влијаат и други извори.