Фејслифтот на Alfa Romeo Stelvio

ОБЈАВЕНО НА:

Не е никаква тајна дека Alfa Romeo работи на двата нови кросовер модели Tonale и Brennero, но останува енигма доаѓањето на фејслифтот и новата генерација на првиот кросoвер на брендот, Stelvio.

Во производство овој модел е уште од 2016 година откако претходно премиерно беше претставен на саемот за автомобили во Лос Анџелес. Но засега никој од Alfa Romeo не објави никакви планови за иднината на овој модел.

Се знае дека ќе следи фејслифт, но никој не открива кога ќе се случи премиерата на подновената прва генерација. Италијанските медиуми објавија веќе рендер за можниот изглед, но и дека истиот би дошол во 2023 година.

Доколку се случи тоа тогаш уште еднаш ќе се потврди дека Alfa Romeo има проблеми околу лансирањето на нови модели или нови генерации. Моделот Giulietta во својата прва генерација се задржа цели 10 години (2010-2020), а при тоа во 2016 година беше претставен фејслифтот кој дојде без значителни естетски измени. За моделот Giulia се’ уште се чека на фејслифтот иако поминаа цели шест години од почетокот на производството.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK