Фатен новиот Audi Q4!

ОБЈАВЕНО НА:

Уште порано годинава германскиот производител ги објави своите планови во поглед на SUV сегментите. Покрај новите Q8, Q3 и E-Tron, Аudi објави дека ќе го лансира и новиот Q4.

Неколку месеци пред стартот на производството, Audi активно работи на тестирање на овој модел, а токму фотографии од тестирањето се појавија на интернет. Иако маскиран, од фотографиите може да се утврди дека овој модел во целост ја следи дизајнерската филозофија применета кај другите SUV модели на Audi и оттука не треба да очекуваме драстичен изглед.

Она што е познато од претходно е дека овој модел ќе се позиционира помеѓу Q3 и Q4. Ќе се базира на MQB платформата, а во поглед на димензиите ќе биде за само неколку милиметри поголем. Во внатрешноста доаѓа со најновата технологија која вклучува и 12.3 инчна инстурментална табла придружена од 8.8 инчен инфотејнмент дисплеј.

Audi Q4

Во поглед на моторите се очекува Q4 да биде понуден со истите мотори како и Q3, а централно место ќе заземат 2.0 литарските дизелски и бензински мотори.

Според информациите овој модел во својата продукциска изведба ќе дебитира на саемот во Детроит на почетокот на следната година. Токму и следната година ќе се започне со производство на овој модел кој ќе се произведува во фабриката на Audi во унгарскиот град Ѓер од каде ќе се дистрибуира на глобалниот пазар.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK