Eврoпa завршува со моторите со внатрешно согорување во 2035 година

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе не е тајна за никого дека Европската унија се стреми кон тоа да го намали загадувањето, а автомобилите како еден од најглавните учесници во него со редица на промени. Според Blооmbеrg, во следната недела властите во Европа ќе претстават документ, кој дополнително ќе ги засили промените и ќе стави крај на моторите со внатрешно согорување.

Според документот, новите возила треба да ги намалат штетните емисии за 65% до 2030 година, а во 2035 година штетните емисии од новите автомобили ќе бидат 0 проценти. Тоа во пракса значи дека во 2035 година, Европската унија ќе стави крај на моторите со внатрешно согорување и на многу автомобилски производители.

Во минатите недели беше соопштено решението на Vоlkswаgеn и Аudi, каде производството и развојот на моторите со внатрешно согорување и конвенционални нови автомобили веќе е кон крајот, а слично решение беше видено и од Ford во Европа, каде што веројатно ќе биде и следено од други брендови.

Од друга страна, пак, властите во Европа ќе помагаат за развој на инфраструктурата за електромобили, кои се очекува и да се најчесто среќаваните алтернативи на конвенционалните автомобили. Една од мерките ќе вклучува задолжителен број на станици за полнење, кои локалните власти треба да ги изградат, а покран нивниот број ќе се следи и растојанието на кое ќе бидат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK