Пред една година Италијанците го претставија прототипот на електричен мотоцикл со има Lacama, а тој влезе во сериоско производство по индивидуални нарачки на купувачите. Сега компанијата чија база е во Милано демонстрира нова изработка, која е крстена според изложбата за мотоцикли Monza Reunion.
Машината изгледа доста масивна, но и со динамичен потенцијал. Таа е развиена на платформата на првата разработка Lacama и го користи нејзиното целосно електрично придвижување со моќност од 70 кВт/94 к.с., како и акумулатор со капацитет од 15 кВтч.
Мотоциклот беше подарен на создавачот на изложбата Матео Адреани, а се предлага со интересна сина боја.
https://www.youtube.com/watch?v=f_jNvul9xmY
Електромоторот успева да забрза од 0 до 100 км/ч за 4,6 секунди, додека максималната брзина е ограничена на 180 км/ч.
Во моментов со едно полнење на акумулаторот може да се минат 200 километри, но од Italian Volt ветуваат дека таа далечина ќе стане поголема со помош на идните освежувања на софтверот.