Премиерата требаше да ја има во Женева, но по одложување на саемот, романскиот производител ги објави официјалните фотографии од Spring Electric концептот.
Станува збор за прво електрично возило кое на пазарот ќе се појави во првата половина на следната година. Она што е привлечно е цената која ќе биде далеку пониска од останатите електрични автомобили кои во моментов се нудат на европскиот пазар.
Што се однесува до самата архитектура, ова возило се базира на истата онаа како и Renault K-ZE кој се произведува во Кина и е достапен на кинескиот и останатите азијски пазари. Оттука и должината од 373 см што ќе го направи најмал автомобил во понудата на Dacia.
Во недостаток на официјално потврдени технички карактеристики, продукциската верзија на овој концепт ќе има автономија од околу 200 км.