Електричниот Mercedes EQA одложен за следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Jaguar, Land Rover, Volkswagen, BMW, Ford и други производители го одложија доаѓањето на некои од претходно најавените модели, и Mercedes со иста одлука за електричанта EQA.

Станува збор за електричен модел кој претходно германскиот производител го најави заедно со моделите EQB, EQE и EQS. Требаше да се појави оваа година, но сега промоцијата е одложена за следната година, непрецизирајќи го точниот термин.

Причината за оваа одлука е пандемијата на коронавирусот која станува се полоша на глобално ниво.

Инаку што се однесува до самиот модел, истиот би требало да се произведува во Растат, Германија, а најмоќната верзија би имала 268 КС и до стотка би забрзувала за помалку од 5 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK