вторник, 25 октомври, 2025 година

Електрична експанзија: Mercedes до 2022 ќе претстави девет електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Откако на почетокот на септември Mercedes го претстави новиот електричен модел EQC, а на саемот во Париз настапи со неколку новитети, германскиот производител до 2022 година планира да лансира девет нови, електрични автомобили.

Како што потврди производителот од Штутгарт, на актуелниот EQC модел во наредните години ќе се приклучи хечбек моделот EQA, компактниот SUV модел EQB како и луксузниот седан EQS. Тука ќе биде и електричната изведба од V класата како и седан верзијата на моделот EQA која пред се ќе биде наменета за азијскиот пазар особено Кина.

- Advertisement -

Бранот на нови електрични модели ќе го зафати и Smart. Токму тука, Mercedes планира да ги лансира електричните изведби на Fortwo, Fortwo Cabriolet и Forfour. Со ова се тежнее кон засилување на присуството на сегментот на мали градски електрични автомобили каде се цели на лидерската позиција според бројот на продадени возила.

За реализација на овие планови, германскиот производител ќе инвестира дополнителни 10 милијарди евра и уште една милијарда за производство на батерии. Производството на овие модули ќе се спроведува на неколку локации и тоа во Бремен, Пекинг, Раштат, Хамбах, Таскалуси и Зинделфинген.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја