Реалноста е блиску: Елон Маск ја возеше Tesla Cybertuck (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе почнат со првите испораки на пикапот Cybertruck и понатаму не е познато, како што не е познати дали сериската верзија ќе биде идентична со моделот кој беше виден на официјалната премиера. И покрај тоа шефот на компанијaта, Елон Маск го возеше пикапот при посетата на фабриката во Остин во Тексас, каде што ќе се произведува овој модел.

На тој начин ги подгреа надежите дека Sybertruck навистина ќе „види светло“ и дека тоа може да биде многу брзо. Посетата на милијардерот, сепак, предизвика голем интерес, па голема толпа на луѓе се насобраа, а различни фотографии и видеа брзо се раширија на интернет.

Типично за Маск, тој на фановите им одговори на Твитер, откако некои од фотографиите беа објавени на социјалната мрежа.

На едно од прашањата за тоа како се одвива изградбата на фабриката и дали ќе бидиме испораки до крајот на годинта, тој одговори дека е можно да бидат доставени ограничени количини на Model Y, избегнувајќи го прашањето за производство на пикапот.

Овој одговор може да се толкува како уште едно доцнење на Cybertruck, што значи дека ќе биде моделот ќе биде виден во 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK