Двајца Македонци в година ќе возат во Clio Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Двајца македонски возачи кои сезонава возеа во Twingo Cup следната 2023 година ќе се испробаат во повисока класа, во Clio Cup. Веќе се работи на обезбедување на возилата со кои ќе се тркаат. Истите ќе бидат дел и од новата сезона на Twingo Cup, а во датумите кога истите трки не се поклопуваат ќе возат во повисоката класа.

Неколкумина возачи уште летово на патеката Гробник во Хрватска имаа шанса да го пробаат автомобилот и да видат дали тој би им одговарал на нивниот стил на возење. Сега веќе сериозно се размислува и за влегување во сезоната.

„Тој куп е скап, од причина на делови и мотори. Но, од друга страна, токму Clio Cup е единствен што има лансирано толку многу светски возачи. Речиси да нема возач кој не возел во Clio Cup. Тоа е одлична отскочна даска, вели Зоран Калеников, од АКК Рено Спорт кој е организатор на трките од Twingo Cup последниве три сезони.

Истовремено најдобрите двајца возачи на крајот од сезонава ќе имаат шанса да возат два тркачки викенди во Clio Cup, како награда. В година остануваат девет возила во Twingo Cup, а од 2024 година караванот треба да се зголеми на 20 возила кои истотака ќе се појават и на ридските патеки во Македонија.

Прочитајте го целото интервју на Зоран Калеников за www.24auto.mk

ИНТЕРВЈУ ЗОРАН КАЛЕНИКОВ – Twingo Cup е приказна што ќе продолжи, купуваме уште 10 возила, ќе возиме и во Македонија

TWINGO CUP се враќа и во Македонија

 

Twingo Cup в година повторно на европски патеки – почнува и завршува во Италија

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK