Доаѓа Microlino со автономија од 200 км. и цена од 12.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Во фабриката Cecomp започна производството на „слаткиот“ швајцарски електричен суперкомпакт. За да го информира светот за почетокот на производството, Micro Mobility Systems, швајцарската компанија која го произведува малиот електричен автомобил Microlino инспириран од Isetta, објави видео.

Дизајниран од момците во Icona Design, со седиште во Торино, Microlino се произведува исто така во Торино – од Cecomp, компанија која прави прототипови и произведува возила од 1978 година.

Microlino 2022

Брилијантно претставен на последниот автосалон во Минхен, кој се одржа во септември 2021 година, Microlino сега ја помина претсеријата.

Планирано е да се произведат 3.000 единици до крајот на годината и уште 6.000 во 2023 година. Идејата на MMS е да достигне целосно производство од 25.000 автомобили годишно. Амбициозна цел, но поддржана со бројки, бидејќи компанијата тврди дека веќе примила 16.000 нарачки.

Од техничка гледна точка, автомобилот тежи само 400 кг и има модуларна батерија која му дава автономија од 200 км. Опремен со електричен мотор, има максимална брзина од 90 km/h и се очекува да се продава за почетна цена од 12.000 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK