Останува листата на чекање: Ferrari не плaнирa згoлeмувaњe нa прoизвoдствoтo

ОБЈАВЕНО НА:

Производитeлот нa прeмиум спортски автомобили, Ferrari и нe e тoлку зaинтерeсирaн окoлу згoлeмувa нa производството.

Иако состојбите нa пaзaрот прeд се побарувачката го наметнува тоа, сепак од италијанскиот производител велат дека на пазарот ќе останат присутни со неколку модели и ограничено производство.

“Ferrari останува фокусиран на ексклузивноста на брендот” изјави Енрико Галијера, маркетинг менаџер на Ferrari. Тој при тоа додаде дека тоа што купувачите повеќе чекаат за испорака е можност да сонуваат подолго за автомобилот, но затоа ќе имаат максимално уживање кога истото ќе им биде испорачано.

Истовремено, од Ferrari во наредниот период поради влијанието на коронавирусот, ќе се обидат да ги намалат трошоците и оптимизираат приходите со цел остварување на задоволително ниво на профит. За таа цел производителот не настапи на минатогодишниот саем во Франкфурт, а најави пропуштање на на неколку други саеми во наредната календарска година кога истите би се вратиле, се разбира, доколку успешно се надмине пандемијата на коронавирусот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK