Џиролами и Давидовски ги освоија првите бодови сезонава во ТЦР Европа

ОБЈАВЕНО НА:

На отварањето на сезоната во TCR Europe, тимот на PSS Racing освои бодови и од трката на Словакија Ринг. Оваа патека не одговара многу на автомобилите на Honda, но и покрај тоа двете возила на PSS Racing се најдоа меѓу првите 15 на крајот, освојувајќи вкупно 8 бода само од трката.

Виктор Давидовски заврши на 14 место и освои 3 бода, а неговиот клупски колега Франко Џиролами освои 5 бода од трката и уште 5 од квалификациите. На трката двајцата возачи на македонскиот тим завршија еден зад друг.

Од самиот почеток уште по првиот круг Џиролами остана без позицијата што ја оствари во квалификациите, и беше надвор од првите 10 возачи. Давидовски исто така имаше проблеми да држи „чекор“ со другите, и од последното 22 место, полека се искачуваше и стигна до првите 15 што му ги донесе и првите бодови.

На трката победи Микел Аскона, кој и лани на последните трки покажа дека има квалитет за биде на подиумот. Покрај него на подиумот се најдоа и Николас Берт од Белгија и Даниел Наѓ од Унгарија.

Резултати од трката: TCREUR_01Slovakiaring_Race1

Следната трка се вози утре (недела) во 13,55 часот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK