Давидовски ги пофали македонските возачи од Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Со завршувањето на сезоната во TCR Europe и WTCR, каде настапуваше и нашиот Виктор Давидовски, тој стана единствениот Македонец што успеал да триумфира во европското првенство, и да се искачи на подиумот во светското првенство. Сезонава тој го оствари својот сон, и тоа се во иста година.

Неговиот успех може да се опише со мотото од вестерн стриповите на Док Холидеј – „Дојде тивко и влезе во легендите“. Она што досега никому во Македонија не му успеало тој веќе го има во своите витрини. Веќе е легенда на македонскиот авто спорт, па и во регионот поставувајќи нови граници кои другите ќе треба да ги надминат. Од сезона во сезона, одеше чекор по чекор. Трпеливо во остварување на сонот и целите.

Додека тој се подготвува за 2023 година, посочи дека има многу млади возачи кои можат да го следат, па дури и надминат. Меѓу оние што добија пофални зборови беа и возачите од Twingo Cup, кој сезонава заокружи еден циклус со три сезони.

– Имаме одлични млади возачи, сите што возат во Твинго Куп. Не им ги знам амбициите за понатаму. Имаме деца кои можат да продолжат. И оние од картинг што се натпреваруваат, Богатиновски, Ковачи, Стефановски… Немаме ни патека тука да ги гледаме почесто. Секако сите можат да стигнат. Треба да тргнат од вистински шампионат и да не се срамат, туку полека да одат чекор со чекор. Треба да се бориш со неуспехот, а успехот ќе дојде сам по себе, изјави Давидовски во интервјуто за 24ауто.

Сезонава шампион во Twingo Cup беше Марко Блажевски кој победи на пет трки. Второпласиран беше Давид Малинковски кој лани триумфираше во првенството. Тој истовремено е севкупен побендик на Twingo Cup по трите сезони и ќе добие електричен Renault Twizzy.

Прочитајте повеќе во интервјуто на Давидовски за 24ауто.

ИНТЕРВЈУ СО ВИКТОР ДАВИДОВСКИ: СЕЗОНАВА МИ СЕ ОСТВАРИ СОНОТ

 

Давидовски од следната сезона со „професионална“ лицена на ФИА

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK