ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ: Како е создадено Jugo 45?

ОБЈАВЕНО НА:

Ниту една светска премиера на нов автомобил во Југославија немаше предизвикано толку голем интерес во јавноста како раѓањето на домашно возило. Купувачите на југословенскиот автомобил се возбудиле само трипати, а во сите случаи возбудувањето го предизвика Црвена застава од Крагуевац.

Најмалку една деценија сигурно беше национално возило во СФРЈ, и успеа дури да се продава и надвор од земјата, стигна и до САД. На почетокот на 80-тите години, Југославија со воодушевување го дочека новиот, трет модел на личниот програм на Zastava – Jugo 45.

Првата масовна средба со автомобилите беше доживена во 1955 година кога се појави Фиќо. Шеснаесет години подоцна следуваше втор удар – на јавноста и е претстававена Zastava 101. Сепак, најновата премиера во Крагуевац – Zastava 102 односно Jugo 45, според интересот јавноста ги надмина сите претходни. Зошто Југословените се возбудија?

Под паролата „многу дава – малку бара“, Zastava на купувачите им понуди возило кое по своите карактеристиките е меѓу Фиќо и Стоеден. Според сè жителите на Крагуевац со Jugo 45 направија полн погодок бидејќи во време на енергетскат криза, кога се води сметка за секој литар бензин, на пазарот му понудија економски автомобил.

На почетокот на седумдесетите години, кога работите на создавање на 101 беа кон крајот, во Zastava почнаа да размислуваат за новиот проект „Y“, но идејата мораше да причека поволен момент. Тој момент дојде пет години подоцна кога анализите на домашниот пазар покажаа дека доаѓа време на малите возила.

Попрецизно кажано, новиот мал Jugo, по своите карактеристики, требаше да биде некаде меѓу Фиќо и 101. Аналитичарите ја одредија само основната идеја на новото возило, но вистинскаа работа допрва следуваше. Паралелно се работени три проекти „102“ (а, б и ц). првите две варијанти имаа мотор сместен одзади и логично погон на задните тркала. Во третата „102-c“, моторот беше сместен напред и ги придвижуваше предните тркала. Избрано беше решението „102-c“.

Стручњаците од Застава тврдеа дека новиот автомобил е темпераментен, лесен за одржување и евтин за производство. Финансиските планови се завршени во 1976 година и педантно е пресметано колку чини производството на автомобилот, изградбата на салата, набавката на моторот и опремата.

Изработката на конечната варијанта на проектот „102“ тимот на стручњаци од OOUR Zastava развој, составен од 90 инженери и 200 техничари, моделари, механичари и цртачи, пристапија во 1977 година. Прво се направени макети во различни варијанти на каросерија на идниот автомобил во однос 1:5, а кога е одлучено како треба да изгледа автомобилот, изработен е и првиот гипс модел „102“.

Гипс модел, претходникот на Jugо 45, во најголема тајност е префрлен во Италија каде што во лабораториите на Fiat, во Орбасан, мал град во близина на Торино, подложен на испитување во аеродинамичниот тунел. За време на експериментот беа извршени измени сè додека коефициентот на отпор на воздух не беше сведен на 0,38 (една од најдобрите вредности во класата на автомобили до 1.000 кубици).

Истовремено на проектот „102“ работеа уште две групи стручњаци. Првата се занимаваше со внатрешниот изглед на возилото (од распоредот на команди па до облик на седиштата), а другата имаше задача да го одреди распоредот на механички склопови.

Во малото возило, секако е најтешко да се обезбеди доволно простор за патници и багаж. На инженерите на Zastava им тргна од рака во вкупниот простор во возилото механичките склопови заземаат 18 проценти. Благодарение на тоа Jugo 45 иако однадвор е тесен, одвнатре е поширок од Zastava 101.

Повеќе од милион километри тест возење

Првите четири прототипови на Zastava 102 се направени во 1978 година. Според зборовите на инженерот Здравко Мењак, дирекеотор на OOUR Zastava развој, на овие рачно изработени  автомобили биле извршени тестови во Крагуевац за испитување на отпорност на школка на вибрзации и торзија.

Еден од овие прототипови мораше повторно во тунелот на Fiat на конечна проверка на аеродинамичноста, а неговиот „роднина“ е употребен за краш тест.

На испитувањето Jugo 45 е исфрлен со катапулт со брзина од 50 км/ч во ѕид. При оваа симулација на судир во возилото се ставаат кукли наречени „Оскар“ за да се утврди колку се загрозени патниците. Во Zastava се многу задоволни од овие проби и не го кријат задоволството дека успеаја, по нивните зборови, да направат многу безбедно возило.

Во изминатите две години прототиповите на Zastava 102 на патните испитуања по југословенските патишта изминаа вкупно повеќе од милион километри. Покрај тоа, на нив беа извршени тестови и испитувања на потрошувачка, бучава, стабилност и издржливост.

Економичен автомобил

Сите големи фабрички автомобили се трудат да произведат автомобили кои ќе трошат помалку гориво. И во Zastava имаа на ум за смалената потрошувачка кога го проектираа Jugo 45. Поради тоа одбраа мотор од 903 кубици и 45 коњски сили кој е во 725 килограми тешка каросерија доволно брз, темпераментен и штедлив.

Со оглед на тоа дека троши 5,86 литри бензин при брзина од 90 км/ч (мерено по европски норми), Jugo 45 спаѓа во ред со скромно потрошено гориво.

Брза мала кутија

Jugo 45, беше подложен на најстроги испитувања, за потоа да се подобри механичкиот систем на новото возило. Овие испитувања беа следени од неколку тимови на стручњаци – од механичари до инженери. Нераздвојни со нив биле и пробните возачи.

Еден од нив е Александар Сретеновиќ, кој е прилично популарен во Крагујевац, а со години ги испробува новите одели – од Фиќо до камион. Зад управувачот на Jugo 45 минал неколку десетици илјади километри и вели: „Повеќе го намачив јас возилото отколку тоа мене“.

Гледајќи го онака високиот (околу два метри) и со повеќе од 100 килограми, малку е тешко да се поверува дека се чувствувал удобно во овој на око мал автомобил. Сепак, Сретеновиќ, вели: „Поудобно се чувствува во двојка, како што ја нарекуваме Zastava 102, отколку во 101. Иако однадвор двојката изгледа пократка (и навистина е пократка од 101), просторот меѓу внатрешните страни во Jugo 45 e поголем отколку во Zastava 101, а Jugo e полесен 100 килограми. Инаку, го испробавме на сите патишта. Ги издржа сите искушенија. Возевме до три часот наутро до 23 часот, притоа не гасејќи го моторот во четири смени“.

„Нема да верувате“, продолжува Сретеновиќ, „но патот од Петровец на море до Вирпазар го поминав за 19,5 минути. Овој податок е евидентиран кај нас и не е важен за купувачите бидејќи сигурно нема да го вози така брзо на овој пат полн со свиоци опкружен со бездни. Тоа само го може пробниот возач. Ова го наведувам за да ја истакнам прекрасната стабилност на возилото. Еднаш нашите стручњаци сериозно ме прекорија кога постигнав висок просек на брзина на макадамскиот пат…“

На идните сопственици сигурно им е важно што овој автомобил при брзина од 80 километри троши 5,35 литри бензин (100 км/ч – 6,5 литри, 120 км/ч – 8,1 литар).

„Зад неговиот управувач поминав година дена и можам да кажам дека тоа е слатка мала тајна, удобна, брза, издржлива и економична“, вели на крајот, Александар Сретеновиќ.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK