Citroen најавува нов концепт за саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen годинава има многу причини за славење. Покрај одбележувањето на неколку децениското постоење на некои легендарни модели, францускиот производител годинава прославува и 100 години постоење во авто светот.

По тој повод на саемот во Женева кој започнува следниот месец, Citroen ќе претстави нов урбан концепт, потврдува Линда Џексон.

Најавен како градски автомобил со модерен дизајн, Џексон додава дека овој концепт е олицетворение на сето она што францускиот производител работеше последните години. Тука пред се, се наведува и најнапредната технологија која сега е дел од новиот иновативен кокпит, комфорноста која никогаш не е под знак прашање кога сстанува збор за Citroen автомобилите како и одличните технички перформанси.

Повеќе за овој концепт ќе биде познато во Женева во март, а потоа овој концепт ќе биде претставен и во Шангај и Париз.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK