Во иднина сопствениците на возила во Бугарија кога ќе ги извршуваат редовните годишни технички прегледи ќе мора да приложат и доказ дека немаат неплатени сообраќајни казни.
Според поранешниот началник на Сообраќајната полиција на Софија, Тенчо Тенев, ова е начин да се зголеми наплатата на глобите.
„ Со внесување на неговите податоци во системот, ќе се утврди дека има казни за плаќање. Има луѓе 4-5 години не ги плаќаат казните“, изјавил Тенев.
Ако имате неплатени сообраќајни казни нема да можете да го регистрирате возилото.