BMW ја почна рекордно годината

ОБЈАВЕНО НА:

Ако денот по утрото се познава тогаш BMW ќе има одлична година, бидејќи јануарската продажба била како никогаш досега. Според податоците од компанијата во јануари во светски рамки биле испорачани 163.288 возила што е зголемување за 6,8 отсто.

Во сите сегменти има пораст, па така продажбата на BMW е зголемена за 7,2 отсто на 143.553 возила, кај MINI има зголемување за 3,7 отсто на 19.563 возила, а електричните возила со знакот на BMW ја удвоиле продажбата.

Иако сега има одлични резултати во BMW се надеваат на уште подобри резултати бидејќи од средината на овој месец почнуваат и испораките на новата BMW серија 5. Во сегашната рекордна продажба во јануари најголем скок има кај моделот BMW X1 каде покачувањата се за 40,2 отсто, а речиси 30 отсто има скок и во продажбата на луксузната BMW серија 7.

Она на што се многу горди во BMW е двојно подобрените резултат на моделите i, односно електричните возила. Тие испораки се зголемени за 115,8 отсто на 5.232 возила. И во 2017 година се очекува зголемување на продажбата со појавувањето на BMW 530e iPerfornace во март и со MINI Cooper S E Countryman ALL4 плаг-ин во јуни.

Продажба на BMW за јануари 2017

Следете не и на:

24AUTO NETWORK