Блажевски победи на Серес – за шампионот се почнува „од нула“ во дуел со Малинковски

ОБЈАВЕНО НА:

Двајцата возачи, Марко Блажевски и Давид Малинковски влегуваат во последната трка сезонава со ист број бодови, по 115 и нивниот директен дуел ќе реши кој ќе биде првак во третата сезона во Twingo Cup. Марко Блажевски победи на првата трка на Серес со што донесе голема неизвесност околу идниот шампион.

Четвртото место на Малинковски му донесе само 10 бода со што тој сега има 115 бода, иако пред почетокот на трката имаше предност од десет бодови.

Крајот на седмиот круг на Серес беше решавачки кога на влезот во стартно целната рамнина Блажевски и Давидовски влегоа израмнети, но актуелниот првак излета малку од патеката со што му озвозможи на Блажевски да отиде напред. Од дуелот на Блажевски и Давидовски најмногу профитираше Зоран Мираковски кој на целта стигна како второпласиран што е негово шестоискачување сезонава на подиумот.

На пиедесталот се искачи и Владимир Трнески кој беше „возач на денот“ бидејќи иако имаше мало излетување во воведните кругови и падна на самото дно од колоната до крајот на 16-те кругови колку што се возеа стигна до третото место. Во последнит екругови успеа да го престигне и Малинковски со што актуелниот првак падна на четвртото место на крајот.

Twingo Cup 2022 – Seres race 1

На првата трка на петтот место се пласираше Србинот Никола Јанчиќ, а потоа следуваа Англече Стојковски, Слободан Трајковски и Мурис Хамзиќ. Бодови освоија и Борис Стојменов и Ненанд Костовски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK