Bako е возило со соларни панели од Тунис што чини 4.000 долари (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Тунискиот инженер Бубакер Сиала со свои средства разви еколошки лесно електрично комерцијално возило наречено „Бако Б10“

По завршувањето на постдипломските студии во Украина и Германија, Сиала, кој работеше со водечките светски производители на автомобили, по враќањето дома сакаше искуството што го стекна во странство да го направи корисно за својата земја.

„За време на периодот на карантин поради КОВИД-19, јас и мојот син Ибрахим често возевме електричен велосипед. Во тој процес, сам произведов електричен велосипед. Потоа почнав да работам на развој на електрично работно возило, иако мало“, изјави Сиала.

„Моето возило го нареков Bako, инспириран од името „бако“, што на локалниот туниски јазик значи – кутија или торба“, објасни Сиала.

Тунискиот инженер рече дека неговите возила моментално се на пазарот за 12.000 туниски динари (4.000 долари). Се соочиле со многу пречки додека го патентирале возилото, но на крајот успеале и покрај сите бирократски тешкотии.

Bako Tunis solar car

„Возилото што го произведуваме е возило со високи стандарди за квалитет. Затоа, веруваме дека ќе биде баран во многу земји, вклучително и Саудиска Арабија и Катар“, рече Сиала.

Иако пазарот на електрични возила е пазар со предизвици, тој смета дека тие се во предност, бидејќи можат да направат промени на возилото во согласност со барањата.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK