Автомобилскиот пазар се намали првпат по десет години

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2018 година низ светот се продадени 94.791.000 нови патнички и лесно товарни возила односно 0,5 проценти помалку отколку во 2017 година, според податоците на меѓународната консултантска компанија LMC Automotive. На тој начин глобалниот автомобилски пазар првпат после 2009 година забележа пад.

Светскиот лидер за продажба на нови возила останува Кина каде во 2018 година се купени 27.732.000 автомобили (-3%). Следуваат САД со 17.292.000 возила (-0.6%) и Западна Европа со 16.153.000, практично без разлика во споредба со 2017 година.

Исклучок од генералниот тренд се земјите од Источна Европа, каде се реализирани 4.243.000 нови автомобили или за 0,5% повеќе отколку во 2017 година. Во Јужна Америка исто така се продадени 7,1% повеќе автомобили (3.245.000). Зад најголеимте пазари се Јапонија (5.203.000, +0,8%), Канада (2.018.000, – 1,2%) и Јужна Кореја (1.177.000, +1,4%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK