Автоиндустријата на колена – се бараат пари од ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Асоцијацијата на европски производители на автомобили излезе со барање Европската Унија финансиски да ја помогне оваа индустрија. Според нив, ваква криза за автомобилската индустрија не е видена дури од 1945 година, по крајот на Втората Светска војна.

Во март, продажбата на нови автомобили во Италија забележа пад од 82%, во Франција од 72%, во Шпанија од 69%, а значителен пад на продажбата е забележана и во Велика Британија, Германија, Австрија, Холандија и другите европски земји. Ова значително се одразува врз нормалното функционирање на компаниите.

“Фабриките се затворени, работниците се пратени на принуден одмор, а можно е и нивно отпуштање доколку кризата потрае и во наредните два месеци” изјавуваат оттаму.

Асоцијацијата јавно побара финансиска помош од Европската Унија како и од националните влади, во спротивно можно е вистински и целосен колапс на оваа индустрија.

Корнавирусот загрозува 14 милиони работни места во авто индустријата во Европа

 

Поради коронавирусот – VW неделно губи 2 милијарди евра

Поради корнавирусот во Европа се произведени 1,2 милиони помалку возила

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK