Авто производителите ќе инвестираат 1,2 трилиони долари во електрификација до 2030 година

ОБЈАВЕНО НА:

Големите производители на автомобили ќе инвестираат 1,2 трилиони американски долари за развој и обезбедување капацитети за производство на ЕВ, набавка на суровини и производство на батерии до 2030 година.

Ова го покажува анализата на Ројтерс, составена врз основа на податоци и информации објавени од самите автомобилски компании. Агенцијата нагласува дека новите податоци се за инвестиција која е повеќе од двојно поголема во однос на претходната анализа и објавените прогнози од пред една година.

Според анализата на Ројтерс, производителите на автомобили планираат да произведат околу 54.000.000 целосно електрични автомобили во 2030 година, што според агенцијата ќе сочинува повеќе од 50% од вкупното производство на автомобили.

Во нивната анализа, Ројтерс ја посочува Tesla како главен играч на сцената со целосно електрични автомобили, а еден од главните адути на американската компанија се очекува да биде целосно нов и помал електричен автомобил Модел 3, за кој се вели дека ќе има цена од половина од моделот Y.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK