Audi објави дека со моделот RS3 поставил нов рекорд на Нирбургринг. Новиот најдобар резултат во класата е нешто под од 7 минути и 41 секунда и претставува подобрување од 4,64 секунди во споредба со претходниот најдобар резултат.
За возење со новиот RS 3, Audi се потпира на 2,5-литарски, TFSI, пет-цилиндричен мотор со максимална моќност од 400 КС и максимален вртежен момент од 500 Nm, кој е комбиниран со седумстепен роботизиран менувач.
Спортскиот автомобил ветува можност да забрза од 0 до 100 км / ч. за 3,8 секунди и максимална брзина од 290 км / ч. Последниот параметар може да се постигне со нарачка на RS Dynamic пакетот и керамички сопирачки дискови.
Audi RS3 со рекорд на Нирбургринг
Новиот Audi RS 3 дебитираше во јули во две купе верзии – RS 3 Sportback со основна цена од 60.000 евра и Sedan со основна цена од 62.000 евра.
Во меѓувреме одговорете и на нашата последна анкета.
[totalpoll id=”67093″]