Брендот Audi преставува еден интересен електрифициран концепот на саемот во Женева, а станува збор за Audi Q4 e-tron concept. Се работи за возило, кое дава прелиминарен поглед на тоа што ќе биде петтиот електричен автомобил, кој производителот ќе го претстави до крајот на 2020 година.
Електромобилот претствува компактен СУВ модел со четири места и со должина од 4,59 метри, чија врска со Audi e-tron се препознава на прв поглед. Два електрични мотори обезбедуваат системска моќност од 225 kW за Q4 e-tron concept. На типичен начин за Audi, концептот на погонскиот мотор се напојува со погон на четири тркала quattro.
Благодарение на одличната влечна сила, автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,3 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 180 км/ч. Големиот акумулатор е со капацитет од 82 киловат часови и го зазема речиси целиот волумен во конструкцијата на подвозјето меѓу оските.
Со едно полнење ќе може да се минат над 450 километри, а оваа должина е базирана на мерење според стандардот WLTP и е доста добро постигнување особено за брендот Audi.
Технологијата на Q4 e-tron concept се базира на модулниот систем за електрични автомобили (MEB), кој во иднина ќе се користи за многу електрични автомобили од Volkswagen Group, од компактниот до горниот сегмент на средната класа.