Audi PB 18 влегува во сериско производство

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi на настанот Pebble Beach Concours d’Elegance кој се одржа во август минатата година објави концепт автомобил под ознаката PB 18. Сега, неколку месеци подоцна од Инголштад пристигнуваат вести во кои се потврдува неговото сериско производство.

Според објавените технички карактеристики, станува збор за целосно електрифициран автомобил кој е долг 543 см., широк 200 см. и со висина од 115 см. располага со 680 КС и 850 Нм. Иако со релативно голема тежина од 1.550 кг, овој автомобил до 100 км/ч забрзува за нешто повеќе од 2 секунди.

Овој автомобил е сликата на последната технологија на Audi. Предните светла се со т.н. Matrix технологија карактеристична за Audi. Во внатрешноста е вградена OLED инструменталната табла , додека 22 инчните тркала и погонот на сите четири придонесуваат PB 18 E-Tron да ги надмине сите пречки на патот.

Audi PB 18 E-Tron

Од Audi соопштуваат дека овој концептен модел со едно полнење на батеријата која е со капацитет од 95 kWh може да помине околу 500 km, а во целост батеријата може да се наполни за само 15 минути.

Сепак сериското производство и нема да биде толку сериско ако се знае фактот дека Audi ќе произведе само 50 примероци од овој автомобил.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK