Како што и од претходно беше најавено, Alfa Romeo на саемот во Женева меѓудругото претстави нова верзија од актуелниот модел Giulietta.
Истата доаѓа во зелена боја наречена Visconti Green. Тука се новите 18 инчни фелни, подновените седишта како и внатрешноста која сега доаѓа во комбинација на три бои, две нијанси на сива и светло кафена боја. Купувачите ќе може да избираат помеѓу Giulietta, Giulietta Super, Giulietta Sport, Giulietta Executive и Giulietta Veloce нивото на опременост.
Во однос на моторите и натаму остануваат актуелните односно 1.4 и 1.75 литарските бензински мотори додека дизелските мотори можно е да бидат повлечени од понудата како последица од новите, построги WLTP процедури.
Инаку Giulietta по MiTo е најстариот модел во понудата на италијанскиот производител. Иако претходно се најавуаше дека токму оваа календарска година ќе биде претставена новата генерација, сепак за истата ќе мора да се почека до 2022 година.